Сашко Томовски
Темелно проучување на Библијата

Се викам Сашко Томовски, живеам во Скопје, имам 31 година. Оженет сум и татко на Ева која има 2,5 години. Имам завршено Правен факултет и работам во Скопје.

Како за прв пат дојдовте во контакт со Библијата?
Првиот контакт со Библијата беше во 1991 година. Тогаш на покана од братучед ми за прв пат присуствував на едно предавање каде се разработуваа одредени теми од Библијата. Бидејќи живееме во поднебје каде најсилно влијание меѓу луѓето има Православната црква, интересот ми го привлекоа размислувањата кои не беа во склад со општоприфатените и познати учења распространети во народот.

Што беше тоа што Ве привлече?
За прв пат се сретнав со многу подлабоко проучување на Библијата и анализа на секој збор и тема што таа ги содржи. Следеа контакти и со другите луѓе и пријатели кои таму ги сретнав и со чија помош се зацврсти мојата одлука да станам член на Адвентистичката црква. После подолго испитување и проучување дојдов до заклучок дека токму таа, Адвентистичката црква во целост ги почитува и исполнува библиските верувања. Тоа се однесува на многу прашања кои на многу поинаков начин се обработуваат, со што на видлив начин се спротивставуваат со општоприфатените, но не и библиски одобрени верувања.

Тој период претставуваше и претставува отпочнување на едно ново поглавје во мојот живот.

Што значи тоа во Вашиот секојдневен живот?
Се разбира таа одлука најде свое место и во секојдневниот живот поврзан со сите секојдневни проблеми и недоумици со кои се соочува човекот. Многу работи се променија на подобро во смисла на одговор на прашањето „што и каде е смислата на животот“. Верувам дека сите луѓе кои имаат верба во Бога и Неговите зборови запишани во Библијата, имаат поинаков став кон прашањата кои секојдневно се наметнуваат (на пример: зошто неволји, страдања, несреќи итн.).

Во мојот живот сега владее сигурност дека и покрај не многу оптимистичките прогнози за иднината на човештвото, сепак Бог е тој којшто управува со настаните кои се случуваат во светот. Во Библијата јасно се опишани настаните кои и претстојат на нашата планета. Секој кој ќе се одлучи да застане на Божјата страна нема причина за загриженост.

Што би сакале да им порачате на Вашите сограѓани?
Пораката до сограѓаните е да ја читаат повеќе Библијата (зашто верувам дека нема христијанско семејство кое ја нема на своите полици) и да веруваат дека Бог управува и владее со настаните во светот, ветувајќи еден поубав и посреќен живот за секого од нас.

 

 

Утре читајте:
Сашко Томовски
Темелно проучување на Библијата

интересот ми го привлекоа размислувањата кои не беа во склад со општоприфатените и познати учења распространети во народот.

 

Моето лично искуство
Доколку сте адвентист/ка испратете ни го Вашето искуство и збогатете ја нашате рубрика.
isprati


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев